Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повеќегодишни апели од сите фудбалски школи и фудбалски клубови, реализиран е проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева.
– Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу. Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Додава дека следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива