Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа во Пештани, жителите ќе бидат без вода повеќе часа, информираат од ЈП „Водовод“ од Охрид.
Додаваат дека денес околу 15:00 часот, пукнала цевка со профил ф300 мм, по што повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од селото Пештани.
Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен и ќе работат до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 56