февруари 6, 2015

Охрид/Скопје/Битола, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски дј, Никола Грозданоски, познат под уметничко име Никола Баба, од пред неколку години во Охрид и пошироко ја промовира идејата за враќање на грамофоните и плочите за време на електронските забави.

Тој моментално работи на поголем проект преку кој ќе се едуцира помладата генерација на дј, а искусните дј-и ќе се потсетат и ќе се поттикнат да пуштаат музика што повеќе на старите начини, преку винили. За новата идеја на Никола Баба, охридската и македонската клубска јавност наскоро ќе биде подетално запознаена.

Додека, вечерва во клубот Сектор 909 во Скопје, скопски дј-и ќе пуштаат музика на грамофони, со цел да ја поттикнат публиката, како и познавачите на музиката за враќање на забавите со грамофони.

На вечерашната забава во Сектор 909 музика на грамофони ќе пуштаат Мирко и Мачки.

– Ќе се извадат старите плочи од депо, а на посетителите на забавата ќе им се понудат среќни мигови со одлична музика, најавуваат Мирко и Мачки.

mirkoimacki

Битолската електронска музичка сцена, како и членови на здружението на Bitola Clubbing, се исто така поддржувачи на идејата за повремено организирање на забави со грамофони. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Баба/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука