јуни 15, 2024

Охрид/Куманово, 15. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ не успеа да се пласира во финалето на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ што се одржува во Спортската сала на Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Во категоријата до 67 килограми, тој загуби од Кристијан Карол Харпула, четирикратен првак на Италија во својата категорија.

Финалните борби се денеска со почеток во 15:00 часот, а боите на Охрид и нашиот клуб ќе ги брани Енис Алиу.

На турнирот настапуваат боксерски имиња од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Република Македонија.

Организатор на турнирот е Боксерскиот клуб „Куманово-84“ со поддршка на Боксерската федерација на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука