Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Магија во движење“: Годишен концерт на студиото за танц „Соната“

Охрид, 16. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Магија во движење“ беше насловена танцовата претстава на студиото за танц „Соната“ со која заокружија уште една успешна танцова сезона.

На годишниот концерт се претставија сите кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц и хипхопот и потврдија дека заслужено настапуваат и ги собираат наградите на престижни натпревари во и надвор од земјава.

– И овојпат имавме иновативни кореографии уникатни костими, со еден збор публиката уживаше во вистинска магија на сцената, придружена со специјални светлосни ефекти и визуелизации, велат од „Соната“.

Годишниот концерт се одржа денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука