Охрид, 16. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти и 16-ти јуни 2024 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 6 во Охрид и 5 во Струга. Тие биле веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 32