Струга, 16. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 16-ти јуни 2024 година, во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга лишија од слобода 27-годишен стружанец.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведенo во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 76