ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден во 2016 година почина Александар Леко Радич

Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 17-ти јуни во 2016 година, на 87-годишна возраст почина Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање.

Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, познатиот професор, пливачка легенда и доајен на маратонското пливање, Леко Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон.

Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други.

Во 2013 година го доби највисокото општинско признание за животно дело – наградата „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука