Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Американската амбасадорка Агелер и тимот на експерти од областа на заштитата на животната средина во посета на Општина Охрид

Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Американската амбасадорка Анџела Агелер, во придружба од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата, денеска оствари посета на Општина Охрид, при што се сретна со градоначалникот, д-р Кирил Пецаков.

– Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Ја информирав амбасадорката дека во тек се неколку проетки кои се од оваа област, како и за проектите кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии како што се изградба на прочистителна станица Трпејца и изграба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така разговаравме и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предначи во реализацијата на препораките додека другите засегнати општини доцнат. Тимот на екпертите и амбасадорката изразија поддршка за посветеноста на Општина Охрид и за целосноата посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти кои се клучни во заштитата на Охридското езеро и животната средина. Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од Американската амбасада за посочените проекти, информираат од кабинетот на Пецаков.

Додаваат дека експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското Езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразила позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на Охридското Езеро.

– Сето ова е потврда дека Општина Охрид се движи во посакуваниот и правилниот правец, стои во информацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука