Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Перчо Божиновски избран за нов претседател на Советот на Општина Охрид.
Тој досега ја обавуваше функцијата заменик градоначалник, а доаѓа на местото на Сашо Донев, кој на последните парламентарни избори доби мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Со оглед на испразнатото советничко столче, за нов член на Советот беше избран Александар Здравевски, како нареден, 11-ти предложен на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори што се одржаа во 2021 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид24
Прочитано: 42