Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Струга повторно во Полицискиот билтен: Два случаи на бесправно градење, пожар во Делогожда

Струга, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот билтен носи информации за настани случени на територијата на Општина Струга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 55-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на ноември 2023 на улицата „Струшки кепенци“ започнал со доградба на објект, а притоа не поседувал соодветно одобрение за градба издадено од надлежен орган.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 70-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во својство на инвеститор, во текот на 2023 година, започнал со изградба на индивидуална куќа и помошен објект, без да поседува соодветно одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На 17-ти јуни 2024 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека на 16-ти јуни 2024 година, околу 19:00 часот настанал пожар во помошна просторија, во сопственост на 55-годишно лице од струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијлалната противпожарна единица. Увид извршила увидна екипа од ОВР Струга. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука