Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Чистиме денес, за одржливо утре!“ е мотото на корпоративната еко-акција на ТАВ Македонија – тим на аеродромот „Св. Апостол Павле“ од Охрид, а по повод Денот на Охридското Езеро.
Акцијата ќе се одржи утре, а ќе се чисти долж брегот на Охридското Езеро.
– Како општествено одговорна компанија и како компанија што се грижи за животната средина и одржливоста во целокупното работење, со акција за собирање отпад долж брегот на Охридското Езеро, во реонот кај вливањето на реките Грашница и Даљан во Охридското Езеро, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ќе придонесе за зачувување на природните убавини и промовирање еколошка свест, информираат од ТАВ Македонија.
Eко-акцијата е поддржана од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива