Струга, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1934 година во Струга како Никола Несторов е роден Нико Нестор, основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива каналот Ла Манш.
Тој беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставија основите на македонското маратонско пливање.
На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19-ти август 1958 година година Нестор го оствари својот сон и стана првиот што го препливал Охридското Езеро од Св. Наум до неговата родна Струга.
Една година подоцна, на 9-ти септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг – стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го преплива каналот Ла Манш.
Почина во Скопје на 26-ти февруари 2016 година. (Крај)
извор: ekran.mk фото: архива