Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Доделени сведителствата на учениците од IX одделение во ООУ „Дебрца“, Мартина Цветаноска избрана за првенец на генерација

Белчишта, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Дебрца“ денеска им беа доделени свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.

Ученикот Мартина Цветаноска доби плакета за првенец на генерација, а на учениците Јована Тодороска, Никола Дукоски, Елисавета Крцоска и Климент Бујароски им беа доделени плакети за пофалени ученици на генерација.

– На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината им доделува и парични награди. На сите полуматуранти општината ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари. Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари, порача градоначалникот на општината Зоран Ногачески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука