Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Во првите 5 месеци годинава, аеродромите во Охрид и Скопје опслужија 1.168.049 патници и 9.610 летови

Охрид/Скопје, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во првите 5 месеци, јануари-мај, од 2024 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи вкупно 1.168.049 патници и 9.610 летови.

– Бројот на опслужени патници ги надмина бројките од истиот период во 2023 година за 13%, додека бројот на летови е за 19% повисок за периодот јануари-мај во 2023 година, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука