Струга, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.М. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
– На 4-ти јуни 2024 година, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 80