Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кинолошкото друштво „Охрид“ организира ноќна изложба на кучиња

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Кинолошкото друштво „Охрид“ од Охрид, во СРЦ „Билјанини извори“, до тениските игралишта, во сабота, на 6-ти јули 2024 година ќе се одржи ноќна изложба на кучиња.

– Пријавување на класи бебе, најмлади, ветеран – 600 денари. Јуниор, интермедија, отворена, работна, шампиони – 1.200 денари, шарпланинец 600 денари. Македонско овчарско куче Караман, Македонски царски загар, Македонски Паничар – бесплатно, информираат организаторите.

Сите заинтересирани можат да ги пријават своите миленици на овој линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука