Избор Општина Дебрца Спорт

Почнува 49-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, пријавени 29 екипи

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 29 екипи ќе учествуваат на годинашното 49-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта што почнува вечерва.

Екипите се поделени во 8 групи. Вечерва ќе се одиграат три натпревари. Од 20:30 часот Асп Пак – Црногорци, од 21:30 часот Хацеган Елит – Бомбаши и од 22:30 часот Вис Пој – Требеништа.

Вкупниот награден фонд изнесува 220.000 денари. За прво место наградата е 120.000 денари, за второ 60.000, за трето 30.000 и за четврто место 10.000 денари. Ќе бидат доделени и награди за MVP играч, најдобар стрелец, голман, како и награда за најдобар млад играч „Јован Николоски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука