Избор Локална самоуправа

Нова опрема за ЈП „Охридски комуналец“

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Охрид, го стави во функција и последниот додаток од опремата – пила за кастрење.

Набавката на опремата е дел од проектот за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, финансиран од Општина Охрид.

Од Центарот додаваат дека во охридските јавни претпријатија инвестирани се 4,3 милиони денари, за товарното возило за „Водовод“, претходно 3,2 милиони денари за двата трактори со приклучна механизација за „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука