ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЕКО акција на вработените во охридскиот аеродром, чистеа од патеката кај „Лабино“ до вливот на реката Даљан

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на одбележување на Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни, вработените на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска спроведоа ЕКО акција, во рамките на која чистеа од патеката кај „Лабино“ до вливот на реката Даљан.

Под слоганот „Чистиме денес, за одржливо утре“, се чистеше на потегот од пешачката патека „Лабино“, преку вливот на реката Грашница во Охридското Езеро, кон плажата „Магнус“, па се’ до вливот на реката Даљан во езерото, во должина од приближно 1 километар.

Триесетина вработени од охридскиот аеродром го собраа ѓубрето од овие локации, по што, според договореното со Општина Охрид, Јавното комунално претпријатие го презеде за соодветно одложување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука