Забава Избор

Експерт открива кои лозинки може да се хакираат за помалку од 60 секунди

Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите имаме навика да користиме иста лозинка за сите кориснички сметки. Без разлика дали се работи за лозинка за електронската пошта или за социјалните мрежи, често ја користиме истата комбинација за сè, а изговорот е дека полесно се помни лизинката.Рецепт за катастрофа

– Користењето на иста лозинка за повеќе сметки е вистински рецепт за катастрофа, вели експертот за сајбер безбедност Eugene Kaspersky. Неговиот тим откри дека хакерите направиле безброј обиди да откријат лични лозинки.

Тимот неодамна спроведе студија која покажа дека околу 45 отсто од лозинките можат да бидат хакирани за помалку од 60 секунди, а Kaspersky наведува дека не е мудро да се користат имиња во лозинките.

– Луѓето несвесно создаваат „човечки“ лозинки кои содржат зборови од речникот на нивниот мајчин јазик – имиња, бројки и слично, односно комбинации кои лесно ќе ги запомнат, објаснува тој.

– Дури и навидум сложени комбинации ретко кога се сосема случајни, па алгоритмите може да ги погодат. Со оглед на ова, најсигурното решение е да се генерира сосема случајна лозинка користејќи модерни и сигурни методи и агрегатори, додава тој.

Што можете да направите за да ја заштитите вашата сметка од хакери?

Со преземање неколку едноставни чекори, како додавање броеви, неколку големи букви и симболи, ќе ја направите вашата лозинка далеку потешка за хакирање.

– Не користете лозинки кои лесно се погодуваат креирани од вашите лични податоци, како што се родендени, имиња на членови на семејството, миленичиња или вашето име. Често, токму тоа се првите места каде ќе се обиде хакерот да ја дознае лозинката, објаснува Kaspersky.

– Овозможете Two-factor authentication (2FA) која е дополнително ниво на безбедност. Дури и ако некој ја открие вашата лозинка, сепак ќе му треба втора потврда за да пристапи до вашата сметка, додава тој. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука