Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот викенд и исклучително високите температури деновиве направија Охрид да биде одлично исполнет уште кон крајот на јуни.
Вечерва во центарот на градот, по кејот и шеталиштето беше како во шпицот на сезоната, а гужви со автомобили имаше на неколкуте тесни грла како она кај Поштата.
Вечерва беа полни со гости и угостителските објекти, а забележителни беа и поголеми групи гости од соседството, но и од многу други земји од целиот свет.
Ако ова е најава за престојната летна сезона, Охрид го очекува уште една одлична туристичка сезона, за која се надеваме дека ќе биде подобра од ланската, која беше рекордна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 44