Забава Избор

Драги Иванов ја објави новата песна „Крута“

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Драги Иванов e музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон Америка.

Од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои Дупер, Плутос Даутс, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Тој ја објави новата песна, „Крута“, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот.

Интересна песна, различна од она што се нуди како mainstream кај нас и токму затоа сосема заслужено си има свое место на Супер, местото каде живее најубавата македонска музика и има почесно место веќе полни 31. година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука