јуни 25, 2024

Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ирските инди-фолк уметници кои заедно создаваат музика под името Lemoncello конечно го претставија својот деби албум насловен по името на бендот кој ги комбинира интимните приказни од животот на женските музичари во универзални пораки.

Албумот носи девет песни, меѓу кои и три познати синглови, „Old Friend“, „Always Neighbours“ и „Harsh Truths“, со кои девојките ја започнаа оваа година.

– Создадовме свет кој е комбинација на домаќинките од 50-тите, кои деновите ги поминуваат во досада дома и иднината во која луѓето никогаш не ја напуштаат својата куќа, вели Sophie O’Donovan за новиот материјал.

Quirke и Kinsella, познати како Lemoncello, го започнаа своето патување до ѕвездите во 2018 година со објавувањето на „Stuck Upon the Staircase“, проследено со проектот наречен „Oil And Water“.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука