Забава Избор

SUPER Fresh Music: Dylan – Perfect Revenge

Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Perfect Revenge“ е новиот сингл на Британската поп-кантавторка Dylan со кој таа нескромно покажува дека нејзината невозвратена љубов се остварува.

Текстот на песната, надополнет со динамичен поп звук, ја симболизира потребата на музичарката да ја реализира својата опсесија, која очигледно нема да продолжи, но таа сепак одбива да го прифати крајот.

– Понекогаш најмоќниот одговор е да не се реагира на одредени работи и да не се бара одмазда, но на крајот на денот, тоа не е секогаш адекватен одговор, вели Dylan.

Потекнува од Safok и со големиот талент и упорност стекна огромен број верни следбеници ширум светот.

Пејачката имаше можност да настапи со Gayle и да сними дует со групата Bastille, а сцената ја делеше и со ѕвезди како Ed Sheeran и Yungblud.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука