Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група Bon Jovi го претставува својот долгоочекуван шеснаесетти студиски албум „Forever“, кој е вистински симбол на нивната долговечност и полни 40 години блескава кариера.
Во тоа име, слушателите ќе уживаат во 12 нови песни, меѓу кои и веќе објавената песна „Living Proof“, како и воведниот сингл „Legendary“.
– За прв пат по десет години чувствувам вистинска радост. Од различни причини изгубив контакт со радоста и конечно повторно ја најдов додека го создавав ова издание. Кога конечно го завршив, сфатив дека чувствувам мир, дека најдов радост. Овој албум е можност да покажеме дека можеме да гледаме кон минатото и во исто време да гледаме кон иднината, изјави фронтменот Jon Bon Jovi, кој беше прогласен за личност на годината на 66. Издание на Grammy наградите.
Уште од формирањето на бендот во 1983 година, Bon Jovi е група која создава историја на рок музиката и е еден од ретките бендови кои се примени во Куќата на славните на рокенролот и Куќата на славните на текстописците.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива