Избор Општина Дебрца Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Обичаи за Св. Вартоломеj во Охрид и Охридско: Сонцето се вртело кон зима и за тоа многу жалело

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА денеска се слават светите апостоли Вартоломеј и Варнава

.

Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа.

Како што запишал Ефтим Спространов во Охридско, Св. Вартоломеј бил познат како Вртолум и од тој ден Сонцето се вртело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, а и тие, исто така, многу жалеле зашто се завртувало кон зима.

Во Дебрца пак на Вртолум голем собир се правел во месноста Сливовски Анови каде што се собирал народ не само од Дебрца, туку и од Копачијата, од Кичевско, Дебарско, Струшко и други места.

На овој голем празник, се забранува секаква работа на поле. Се претпоставува дека доколку работите на овој ден, ви се заканува поплава, град или олуја.

Луѓето велат дека децата не треба да се качуваат на дрвја, за да не се повредат, а забрането е и капење во реките. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука