Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се подготвува локацијата за третото издание на Ohrid Wine Festival

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се подготвува локацијата на која ќе со богата музичка програма за охриѓани и туристите ќе се одржи третото издание на Ohrid Wine Festival.

Истото е закажано за четврток, петок и сабота, 27-ми, 28-ми и 29-ти јуни 2024 година, на кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Палас“.

Во четврток, на 27-ми јуни 2024 година, на отварањето на фестивалот, ќе настапат охриѓаните Backdoor band, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Вториот фестивалски ден, во петок, на 28-ми јуни е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers. Во рамки на третиот фестивалски ден, во сабота, на 29-ти јуни 2024 година, за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.

Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна.

Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука