Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција доставија фотографии од бројни запленети мрежи, кои рибокрадците ги поставиле во водите на Охридското Езеро, пред Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро (Езерската полиција) во каналот „Студенчишта“.
Ваквите слики пред езерската полиција се се’ почеста појава, во време кога е се’ позабележително девастирањетото на живиот свет, особено рибата, од кои најбарани се пастрмката, белвицата и крапот.
Од другата страна на езерото се врши порибување со помали количини, но она што се вади за потребите на рестораните во Албанија е несразмерно поголемо. Пастрмката таму се служи сосема легално и без никакви правни консеквенци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес