Забава Избор

SUPER Fresh Music: J Balvin & Chencho Corleone – Polvo de tu Vida

Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најслушаните латино музичари денес, J Balvin го претстави новиот сингл „Polvo de tu Vida“ кој ќе ја загрее атмосферата во топлите летни денови.

На артистот на песната му се придружува и порториканскиот регетон-музичар Chencho Corleone, а еден од најценетите регетон автори Jeremy Ayala, исто така, стои зад продукцијата на песната.

Ова беше една од најпродуктивните години за наградуваниот латино музичар, имајќи предвид дека во изминатите шест месеци се испроба во бројни дуети и ремикс изданија, како и неговата соработка со најпопуларниот рок бенд од новата генерација, Imagine Dragons, која беше особено значајна.

Оваа година J Balvin објави и дуети со Maluma, SAIKO и многу други. Новиот сингл е вистински подарок за слушателите по завршувањето на европската етапа на неговата голема турнеја наречена „Que Bueno Volver a Verte“, која заврши на 5-ти јуни во Лондон со голем концерт во О2 Арената.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука