Забава Избор

SUPER Fresh Music: Chinchilla го претстави EP изданието „Flytrap“

Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Chinchilla е млада музичка ѕвезда чија автентична аура едноставно плени. Го претстави EP изданието „Flytrap“ кое носи приказни за независност, моќ и личен раст.

Преку седум нумери, уметничката ја истакнува својата сестраност и варира од моќни текстови до изложување на нејзината ранлива страна преку песната „1:5“, а во изданието е и добро познатиот хит „Little Girl Gone“ кој и’ го донесе статусот на вистинска поп ѕвезда.

– Голем дел од ова издание е за музичката индустрија и сите нејзини притисоци. Главна тема е посесивноста, но и растењето на нови крилја откако некој ќе ви ги скрши, вели Chinchilla.

Угледните Rolling Stone UK и Clash ја нарекоа „еден од шампионите на новата генерација“, а новото EP тоа јасно го потврдува.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука