Охрид, 4. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Алт-поп сензацијата Aurora го претстави својот четврти студиски албум „What Happened To The Heart“ – трогателна исповед што го илустрира самоуништувањето, но и внатрешната сила и исцелителната моќ на душата и пред сè на срцето.
Изданието носи 12 нови песни, меѓу кои се и веќе познатите „Your Blood“, „The Conflict Of The Mind“, „To Be Alright“ и „Some Type Of Skin“.
– Има многу луѓе на овој свет кои треба да се забележат, за да се види нивното страдање. Што се случи со срцето на човекот? Забележав голема мудрост кај жените кои ги запознав на патот – има голема моќ во нивните вредности, вели Aurora, норвешка кантавторка која од дебитантската песна „Awakening“ во 2014 година до денес, собра импресивни 10 милијарди слушања на музичките платформи.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива