Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Групата „Водолија“ ја објавија новата песна со наслов „Небесен свод“.
Музиката, аранжманот и текстот се дело на фронтменот на групата Ристо Апостолов.
– Под овој небесен свод, гледам право кон светол хоризонт, секогаш со мене ми даваш се’, Како во сон, како во сказна, твојот допир, твоето присуство ме прави безгрижен, порачуваат во новиот сингл.
„Водолија“ е македонска рок група оформена во 1989 година, но официјално започнува во 1991 година кога го има својот прв официјален настап на Поп-Рок фест и го снима првиот официјален сингл во студиото М2 на Македонската радио-телевизија.
Групaта има издадено три студиски албуми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 178