Охрид, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шведската поп сензација Benjamin Ingrosso го претставува оптимистичкиот сингл „Look Who’s Laughing Now“ кој ја истакнува слободата и автентичноста на уметникот.
Препознатливиот поп звук на уметникот е измешан со музичките влијанија од 70-тите и 90-тите години, а овој стил е главната карактеристика на неговиот претстоен студиски албум, кој покрај новата песна ги содржи хитовите „Better Days“ и „Kite“.
– Ова е песна која ја слави автентичноста и ужива во животот и покрај перцепциите и ставовите на другите луѓе. Можеме да бидеме свои, да го живееме животот и да излеземе победници. Да ги прифатиме нашите несовршености и да му покажеме на светот дека уникатноста победува, изјави Benjamin за новиот сингл.
Тој ја започна годината со возбудливиот сингл „Kite“ кој полека достигнува 20 милиони слушања на глобално ниво, а потоа следуваа „Better Days“ и „Honey Boy“.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива