Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Течат подготовките за претстојното, 31-во издание на популарниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на 30-ти и 31-ви август на „Долни Сарај“ во Охрид.
Станува збор за еден од најпознатите музички фестивали во Република Македонија. Традиционално фестивалот ќе почне со Фолк вечер со имиња како Благоја Грујовски, Благица Павловска, Петар Нечовски и други, по што ќе следува и Интернационалната вечер е резервирана за поп-музиката.
На сцената ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 140