Забава Избор

SUPER Fresh Music: Annabelle – Flowers on my eyes

Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Чешката кантавторка која добива се’ поголемо внимание – Annabelle нуди вистинска експлозија од позитивна енергија со синглот „Flowers on my eyes“, преку кој таа ја ослободува својата женственост.

Во време на динамични летни хитови, таа и’ се враќа на пролетната атмосфера и будењето на природата, повикувајќи ги девојките да го прегрнат сонцето и да процветаат во нивната самодоверба.

Музичарката ја започна својата кариера во 2020 година, а за време на студиите во Лондон стекна искуство работејќи во музичката индустрија.

Зад нејзиниот последен сингл стои продукцијата на француското дуо Her Demons кои соработувале со имиња воиндустријата како David Guetta, па Annabelle сега дефинитивно е подготвена да го освои светот.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука