Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јуни 2024 година, во 17:30 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 34-годишен жител на селото Горенци, Општина Дебрца.
– При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „Црвена застава“ и три куршуми кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 45