Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Bacchus Wine Bar & Apartments повеќе од една година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за сите сетила. На врвна локација и со амбиент и понуда за најголемите вински сладокусци.
Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, а може да се пробаат и уникатни ракии од кои повеќе од четвртина ги има само тука. Даваат и силна поддршка за локалните производители на храна, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство.
– Кај нас е „Вино Фест“ секој ден во годината, порачуваат од Bacchus Wine Bar & Apartments.
Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17, а располагаат и со современо уредени апартмани со прекрасен поглед кон езерото и стариот дел на градот. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing