Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка несреќа на излезот од Охрид: Возач заглавен во автомобилот, две возила излетале од патот

Охрид, 25. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево, на излезот од Охрид, во правец кон Кичево.

Две возила излетале од коловозот, а според првичните информации има и повредено лице.

Сведоци за порталот Скопје 1 информираат дека возач на автомобил марка „Голф“ кој учествувал во несреќата, бил заглавен во возилото.

Поради несреќата, има долги колони на овој патен правец.

.

На овој патен правец многу често се случуваат сообраќајни несреќи, чиј број се зголемува во текот на летната сезона. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: Скопје 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука