Охрид, 28. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона.
– Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот. Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации, или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, во Спортската сала. Ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот, информираат од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес