јули 12, 2024

Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите сме имале проблеми со неконтролирано икање некогаш, што може да биде непријатно, особено кога сме во друштво. Понекогаш чувствуваме дека не можеме да се ослободиме од него, без разлика колку вода пиеме или колку долго го задржуваме здивот.

Оние кои го имаат овој проблем сега можат да здивнат бидејќи научниците открија метод кој вклучува само четири чекори, а како што тврдат, функционира во 100 проценти од случаите.

Чекор 1: Издишете целосно, испразнете ги белите дробови,
Чекор 2: Земете длабок здив и задржете го неколку секунди,
Чекор 3: Без издишување, земете уште неколку вдишувања, а потоа задржете ги неколку секунди,
Чекор 4: Повторете го третиот чекор.

Зошто икаме?

Икање се неволни и брзи контракции на мускулите на дијафрагмата и мускулите помеѓу ребрата кои ги прошируваат белите дробови за дишење, веднаш проследено со затворање на глотисот.

– Затворањето на глотисот е она што го предизвикува „хик“ звукот, објасни докторот Mark Loafman.

Икањето обично е краткотрајно, а Loafman истакнува дека подолгото икање може да биде поврзано и со здравствени проблеми.

– Подолгото икање може да биде поврзано со различни состојби, од бенигни до сериозни, истакна тој. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука