Забава Избор

SUPER Fresh Music: Tom Santa – It’s All On You

Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Австралискиот EDM талент во подем Tom Santa, ја претстави новата верзија на хит песната „It’s All On You“ оригинално изведена од Foonzy, сензацијата на SoundCloud која има милиони слушатели на најпопуларните стриминг платформи ширум светот.

На новото издание, на артистите им се придружуваат Jengi и Hitty, сè попопуларни имиња на светската електронска музичка сцена.

Синглот има за цел да ја освои публиката во текот на летната сезона благодарение на заразниот ритам, бас делниците и силните вокални делови.

– Ова е совршен момент за блескаво патување што го започна Jengi, која моментално ужива во славата на светскиот хит „Bel Mercy“ со повеќе од 100 милиони прегледи на музичките платформи, вели Tom Santa.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука