Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Американската кантавторка Amber Mark ја претстави својата верзија на хит-синглот „Lovely Day“ од 1977 година, оригинално изведен од Bill Withers, песна која со децении важи за химна на надежта и утехата во тешките времиња и е исполнета со чувства на нежност и љубов.
Amber стави свој посебен белег со автентичната вокална изведба која е во исто и носталгична и модерна.
Зад продукцијата на синглот стои угледниот продуцент Ryan Tedder, фронтмен на познатиот бенд OneRepublic.
По успешните синглови „Comin’ Around Again“ и „Space & Time“ објавени претходно оваа година, Amber продолжува да ја освојува публиката со нејзиниот лежерен стил и спој на поп и R&B звук.
Го издаде својот деби албум „Three Dimensions Deep“ во 2022 година, а нејзините препознатливи текстови и нежни вокали несомнено ќе блеснат и на новиот материјал.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива