Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Миленичката на евровизиската публика и француска пејачка со српско потекло, Barbara Pravi го претставува емотивниот сингл „La Pieva“ со кој се свртува кон своите корени и ги истражува античките фолклорни приказни.
Името на песната е инспирирано од зборот „La Pieva“, кој ги симболизира раскажувачите и пејачите кои ги пренесувале своите приказни од генерација на генерација и ги собирале во нивните животни авантури.
– Би сакал мојата внука Barbara, која својот живот го посвети на музиката и пеењето, да ја знае својата култура и корените на нашето семејство за да се запознае себеси и да разбере што носи нејзината судбина, порача Петар Пјевиќ, дедото на Barbara од Србија, кого музичарката често го посочува како нејзина голема инспирација за уметноста.
Barbara на европската публика и е позната пред се по хитот „Voila“ со кој настапи на изборот за песна на Евровизија во 2021 година и го освои второто место во финалето.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива