Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот на виното полека го зазема своето место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид, порача на денешната прес конференција градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Охрид е подготвен за третото издание на Ohrid wine festival што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“ пред хотел „Палас“. Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат и Стенд уп комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, истакна Пецаков.
Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „Next Time“ и „Brass Brothers“ . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“, групата „Ареа“ и Влатко Лозановски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива