Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот „Да ги овековечиме вредностите“.
Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската меморија.
Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на ликот на Григор С. Прличев, симболот на македонската гордост, истрајност и непокор, поетот кој со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија во врвот на светската литературра, покажувајќи и докажувајќи дека за пишаниот збор нема граници.
Муралот е нацртан на западниот ѕид на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во непосредна близина на НУЦК „Григор Прличев“, двете институции кои го носат неговото име.
Муралот е дело на академскиот уметник Горан Ристоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива