јуни 27, 2024

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Палас“ во Охрид, вечерва започна третото издание на Ohrid Wine Festival.

Со богата музичка програма за охриѓани и туристите, ќе трае и во петок и сабота, 27-ми, 28-ми и 29-ти јуни 2024 година.

Вечерва, на отварањето на фестивалот, за забавата се задолжени охриѓаните Backdoor band, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Вториот фестивалски ден, во петок, на 28-ми јуни е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers. Во рамки на третиот фестивалски ден, во сабота, на 29-ти јуни 2024 година, за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.

Концертите на македонските музички артисти се надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука