Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар „CacaNito“ Ќулукоски CS2 кариерата ја продолжува во новата екипа BC.Game со легендарниот тренер Ladislav „GuardiaN“ Kovacs

Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот CS2 играч, охриѓанецот Александар „CacaNito“ Ќулукоски кариерата ќе ја продолжи во новоформираната екипа BC.Game, која од тренерската позиција ја предводи легендата на CS е-спортот Ladislav „GuardiaN“ Kovacs.

CacaNito се прослави играјќи за BlueJays со кои, меѓу другото, успеа да го освои IESF 2022, кога во финалето го совладаа монголскиот IHC Esports, што беше огромен успех за Македонија.

Во јули минатата година тој се пресели во Apeks каде играше нешто помалку од една година. CacaNito со тимот играше и на PGL Copenhagen Major, каде успеа да се пласира помеѓу најдобрите 16.

Apeks во мај го стави целиот свој тим на трансфер листата, а CacaNito сега официјално е дел од новото име на CS2 еспорт сцената, BC. Game, кој е во сопственост на истоименото online крипто казино, проект кој ќе го води GuardiaN. Тој изјави дека создава тим каде играчите ќе имаат идеални услови да го дадат својот максимум.

Информацијата ја потврди и CacaNito кој изјави дека во Apeks бил принуден да игра улоги кои не му одговарале, а во BC.Game ќе има можност да игра како што бил навикнат додека играл за BlueJays. (Крај)

извор: relog.gg фото: relog.gg

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука