Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Организаторот, Здружението „Ликовна колонија – Дебрца“, со пресретливост, грижа и внимание ги прифати учесниците на 39. издание на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024“.
За нив подготви внимателно одбрана програма, со цел да им ги покаже амбиенталните природни вредности на општина Дебрца, но и на Охрид.
Исто така, тие се запознаваат и со историското минато на Дебрца, од поново време, кога, практично била лулката на зародишот на македонската држава и државност. Меѓу другото, во селото Издеглавје, е зародишот на МПЦ-ОА, со првиот свештенички собир, додека во Црвена Вода, на 3. октомври 1943 година, е издаден Манифестотот до македонскиот народ, практично, првиот документ на македонски јазик и кирилично писмо, печатен во партизанската печатница. Овој ден е и патронен празник на општина Дебрца, а со овие факти тие беа запознаени при приемот нај градоначалникот на општината, Зоран Ногачески, со кого разменија искуства за атрактивноста на крајот. Тие ќе можат да ги разгледаат и Спомен собата на Револуцијата и НОВ во Втората светска војна, во Белчишта, како и сличните во Сливото, Црвена Вода и Годивје.
Како што напоменува претседателката на Здружението, магистер инжињер – архитект Мартина Целеска, учесниците биле воодушевени од она што го виделе при посетата на манастирскиот и излетнички комплекс „Свети Наум“, од недопрената природа, како и од разгледувањето на Античкиот театар, катедралната црква „Света Софија“, комплексот Имерет – првиот универзитет мегу словенскиот свет, како и праисториската населба „Заливот на коските“.
Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваат 11 ликовни уметници од земјата и странство. Од Македонија, маестро Јордан Манасиески од Охрид, Лара Ташковска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Славица Танеска и Емел Махмуд од Охрид. Од странските автори се: Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), Јованка Беквалац Србија, Нада Грбиќ Србија, Мирослав Мича Круниќ Србија, Славка Ната Радуловиќ Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ Црна Гора. (Крај)
извор: Веле Митаноски фото: архива