Избор Спорт

Македонија доби уште еден олимпиец: Шерифовски ќе не претставува во џудо во Париз

Скопје, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонија доби уште еден претставник на престојните Летни Олимписки Игри во Париз (26-ти јули до 11-ти август), а тоа е џудистот Еди Шерифовски.

Шерифовски добива можност да застане и биде активен на најголемата спортска сцена по одлуката која ја донеле меѓународниот олимписки комитет и меѓународната џудо федерација, одлука заснована на постигнатите резултати и постоечките правила.

Македонскиот олимписки комитет беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.

– Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо. Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски. Силно веруваме дека Еди ќе го пружи своето најдобро во Париз и дека заедно со својот тренер Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри, порачаа од МОК.

Место во олимпискиот тим на Македонија имаат обезбедено и атлетичарот Дарио Ивановски, таеквондистката Мила Рељиќ, охридската стрелачка Анастасија Мојсовска и борачот Владимир Егоров. (Крај)

извор: derbi.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука